ПОВЕЌЕ

    КАЈА ШУКОВА, СДСМ: Парите за градски изборен штаб ги донираме – градот е нашиот штаб

    Време зa читање: < 1 минутa

    Јас и кандидатите за советници во Град Скопје се откажавме од градскиот изборен штаб, објави кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од Социјалдемократскиот Сојуз, Каја Шукова. Таа најави дека, наместо да се трошат пари на простор и инвентар, парите ќе бидат донирани за Домот за деца без родители.

    Нашиот штаб е целиот град – секоја улица, секое маало, секој човек што верува дека Скопје може подобро”, рече Шукова. „Не ни треба штаб за да сме блиску до граѓаните – ние сме таму секој ден. Политиката за мене не почнува и не завршува во партиски простории, туку меѓу луѓето, во секој дел од градот”, се наведува на официјалниот Инстаграм-профил на СДСМ.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично