Марковски бара крај на „инвеститорски“ детални урбанистички планови – пракса во која нарачателите го кројат планот за сопствен интерес, без јавни содржини и инфраструктура. Наместо тоа: јавниот интерес треба да е на прво место, како и зелени површини и планови што не се мерат во „продадени квадрати“.
„Прво, треба да се сопре со нарачаните урбанистички планови… …Ние се доведуваме во ситуацијата да имаме инвеститорски планови, односно еден вид кампинг – урбанизам запоседни ја локацијата, изгради си тоа што тебе ти одговара, независно од контекстот на околината.…“
„Исчезна тоа. Немаме ни сали, ни културни центри, ни паркови, ни галерија, ништо. Било што, ни музеи и слично. Станови. Само станови.“
Горан Марковски од „Независни заедно“ во „Каде се парите? со Горан Теменугов“. Следете нè и притиснете „subscribe“.