ПОВЕЌЕ

    КОРУПЦИСКИ РИЗИЦИ И „ОПРОСТУВАЊЕ“ ПРЕД ИЗБОРИ – Борче Треновски во „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    „Борче Треновски во „Каде се парите? со Горан Теменугов“ – Зошто некаде општините наплатуваат 80%, а некаде 30% даноци? И што се случува пред избори…

    Нерамномерната наплата на локални давачки не е само административен проблем – туку и поле за политички игри. Професорот отвора чувствителна тема: како се собираат и како се трошат парите на жителите на општините?

    „Ако ги погледнете на Државен завод за ревизија, извештаите пред последната година не сум сигурен за последната, скоро сите беа со негативно мислење или со задршка за сите општини за кои е направена ревизија. Така да покажува дека има голема неефикасност и простор за манипулации, ако ме прашате кога дојдам до бизнисот, меѓутоа просторот за манипулација  потекнува не само со бизнис секторот. Тука вие го спомнавте претходно дали не сакаат да ги наплатат приходите. Тука се даноци од уредување на градежно земјиште, даноци на имот. Се што е поврзано со наплата… Да, некаде наплатат 70-80%, некаде 30%.  Тоа значи некаде опростуваат пред избори или после избори или враќаат долг на некој со ненаплаќање.…“

    Премиерата е во четврток, во 12.00 часот. Притиснете „сабскрајб“ за повеќе анализи!

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично