ПОВЕЌЕ

    Titan Aerospace Technologies ја позиционира Македонија на мапата на 3D индустријата

    Време зa читање: 2 минути

    Со напредни решенија во 3D печатењето за дронови, за автомобилската индустрија, индустриската механика и електроника, како и за цивилни и одбранбени технологии, во областа на адитивното производство настапува Titan Aerospace Technologies. Иновативната компанија специјализирана за прецизно изработени делови од аеронаутички и индустриски квалитет, комбинира најсовремена технологија со автоматизирани процеси за дизајн и производство.

    Во фокусот на компанијата е изработка на прецизни и лесни делови од аеронаутички и индустриски квалитет, со примена во повеќе сектори. Понудата опфаќа решенија за беспилотни летала (UAV), со издржливи и прилагодливи компоненти за цивилна и воена употреба. За автоиндустријата делови за прототипи, замена и подобрување на перформансите. Алатки, куќишта, држачи и резервни делови за индустриската механика, како и куќишта, носачи и функционални прототипи за доменот на електрониката и роботиката. Исто така, овозможуваат и кастомизирани решенија за лабораториска и дијагностичка опрема како дел од медицинска технологија.

    „Нашата визија е да изградиме мост меѓу иновацијата и производството, овозможувајќи им на компаниите од различни индустрии да добијат брзи, флексибилни и економични решенија преку 3D печатење. Македонија има потенцијал да биде технолошки хаб, и ние сме тука да го потврдиме тоа“, изјави основачот на компанијата, Игор Богдановски.

    Со седиште во Куманово, Titan Aerospace Technologies е позиционирана да одговори на барањата и потребите на потенцијалните клиенти од Балканот и Европа со капацитет за скалирање и брза испорака. Воедно, компанијата е отворена за партнерства во истражување, развој и комерцијализација преку европски фондови и индустриски конзорциуми.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично