ПОВЕЌЕ

    Лето за нови почетоци со кредити од Комерцијална банка со промотивни услови

    Време зa читање: 2 минути

    Летото е совршено време за нешто големо и убаво – на пример, нов дом, возбудлива летна авантура или незаборавна семејна прослава. Комерцијална банка ова лето ти овозможува две одлични финансиски решенија со промотивни услови што ќе ти го олеснат изборот.

    Станбениот кредит до 30.09.2025 е достапен без трошоци за одобрување и процена на имот. А со фиксната каматна стапка од само 3 % во првите пет години е совршена можност за остварување на една од најголемите животни желби. Дополнително, нуди и можност да вклучиш животно осигурување од Триглав Осигурување Живот АД Скопје.

    Без разлика дали планираш купување, градба, реконструкција на стан или куќа, или, пак, набавка на градежно земјиште или недвижен имот во странство – ова е вистинскиот момент да го започнеш тој процес. Домот што ќе го создадеш ќе биде твоето омилено место за многу години.

    Ако, пак, планираш патување, реновирање или имаш некој друг план, Потрошувачкиот кредит на Комерцијална банка ти стои на располагање, исто така, со промотивни услови – без трошоци за одобрување и администрирање до 30.09.2025.

    ФИНАНСИСКИТЕ ШАМПИОНИ НА АДРИА РЕГИОНОТ: Која банка забележа најголем пораст и најголем профит во 2024 г.?

    Овој кредит ти нуди максимален износ до 2.000.000 денари и вклучено осигурување преку Триглав Осигурување АД Скопје или Триглав Осигурување Живот АД Скопје. Совршен е за оние моменти кога сакаш да направиш нешто убаво за себе или за твоите најблиски.

    Изборот е твој, а ние сме тука да ти понудиме финансиско решение што совршено ти одговара.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично