ПОВЕЌЕ

    Ни картички, ни достава – Во “Седмица” лани „изедени“ 4,9 милиони евра

    Време зa читање: 3 минути

    Читајте квалитетна содржина на порталот ПАРИ – таму каде што информацијата вреди.

    Не примаат онлајн нарачки. Не вршат достава. За плаќање, картички – не, само кеш. Старомодни се, но тоа не им пречи на фановите на „Седмица“. Работат турбо неколкуте сендвичари и ресторанот во Скопје. Толку добро, што лани биле продадени разни видови сендвичи, тостови, со или без додатоци, пирошки, пијачки… за 4,9 милиони евра. Навистина, за сто илјади евра помалку од преклани.

    Но затоа, две години по ред профитот е над милион евра. Во 2024 – еден милион и 67 илјади евра. За 2023 добивката е послаба за 24 илјади евра.

    Извор: Бизнис Мрежа

    Од податоците на Бизнис мрежа се гледа дека до плусот кај добивката за минатата година е дојдено преку двата минуси што се обележје и на приходната и на расходната страна. Вкупните лански приходи на „7 Фаст фуд“ се за 2,64 проценти пониски од прекланските. Сепак, делотворно е дејството на намалените трошоци за 3,94 отсто. Тоа е и основата за растот на профитот.

    Кој се храни во сендвичарите „Седмица“ знае дека е потребно да се застане во ред и да се почека додека се пристапи и да се порача. Исто така, не може да не се забележи дека вработените се брзи и добро уиграни.

    Минатата година тимот броел 93 вработени. За 2,11 проценти помалку во однос на 2023, кога за да биде сѐ во ред во „Седмица“ се грижеле 95 лица. Со помалку персонал, кој броел 86 лица, познатата сендвичара функционирала во 2022 година.

    Извор: Бизнис Мрежа

    Кога е „Седмица“ во прашање, за цените не се прашува и не се коментира (што се гледа и од прометот). Сендвичот со плескавица е 210 денари. Хамбургерот – највкусниот во градот со помфрит, кечап и мајонез (како што пишува во нивното мени), чини 250 денари, сендвичот со пилешко и кашкавал 290 денари, а најскап е „биг мек“ – 300 денари.

    Тоа е „Седмица“. Сендвичарата именувана по датумот на септемврискиот ден во 1987 година, кога биле направени и продадени првите сендвичи со плескавица. И по кои, без оглед на големата понуда, овој бренд за брза храна е препознатлив речиси 38 години.

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично