ПОВЕЌЕ

    Со е-фактурата ќе ѝ зададеме удар на сивата економија – Мицкоски во „Каде се парите?“

    Време зa читање: 3 минути

    Примената на е-фактурата ќе стартува во планираните рокови, односно процесот треба да се заокружи до крајот на годинава. На тој начин се отвора можност за поголем прилив на средства во државниот буџет, бидејќи тоа ќе претставува дополнителен удар врз сивата економија. На ова се осврна премиерот Христијан Мицкоски, кој гостуваше во поткастот „Каде се парите?“.

    „Конечно, заврши тендерот за е-фактура. Најверојатно успешно ќе заврши и тука очекуваме дополнително да ѝ зададеме удар на сивата економија и дополнително да имаме поголеми приходи. Ако биде сѐ како што треба, по неколкуте неуспешни процедури, конечно завршува. Очекувам уште оваа година…“, најави Мицкоски.

    Што се однесува до полнењето на државната каса, посочува дека има извесни потфрлања, но истакнува дека и УЈП и Царинската управа на месечно ниво ја зголемуваат наплатата.

    Клучни се приходите на Управата за јавни приходи и Царината. Тие се главните два дотоци во буџетот, имаме и други, но овие се двата суштински. Имаше мало потфрлање кај ДДВ, во првите два месеци беше добро, во март имавме мало потфрлање. Тогаш беше верскиот празник Бајрам и од тие причини, практично, се доцнеше со уплатата и се уплати на почетокот од април. Во делот на данокот на добивка, тука имаме одредено затајување, но треба да видиме зошто, посебно имајќи предвид дека сега се аконтира данокот на профит кој е за следната година. Особено на оние компании кои догодина ќе плаќаат 15 проценти усогласен данок на профит со глобалниот данок“.

    И покрај одредените отстапувања, реализацијата е за седум насто подобра.

    Ваквата состојба е за седум проценти подобра од минатата година. Имаме кај царините, малку кај акцизата потфрлање, но тоа не е поради тоа што Царината не работи – рекордно ги наплаќа и секој месец има по пет, по седум, по 10 проценти поголема наплата – туку поради ниската цена на нафтата и нафтените продукти на берзите. И тука имаме кај акцизата мало потфрлање споредено со она што сме го планирале, но генерално, и УЈП и Царината се некаде седум до осум проценти над она коешто беше минатата година“.

    Во овој домен целосно ќе се остварат проекциите, тврди премиерот:

    „Со 15-16 април моите податоци се некаде 27,5 проценти, и приходи и расходи. Тоа ни дава комоција дека ќе отидеме над 31-32 проценти заклучно со април. Сега ќе се засилува потрошувачката, логично, бидејќи имаме нивелирање согласно минималната плата, имаме зголемени примања, така што очекувам она што го проектиравме да го оствариме до крајот на годината“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично