ПОВЕЌЕ

    Гордана Димитриеска-Кочоска: Економијата дава знаци на опоравување и стабилизација, доказ е растот на БДП

    Време зa читање: 1 минутa

    Последните показатели за растото на бруто-домашниот производ во последниот минатогодишен квартал, се потврда за поволните движења во македонската економија, смета министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

    Економијата покажува значителни знаци на опоравување и стабилизирање – резултат на политиките што ги спроведува Владата.

    Потврда за тоа стигнува од објавените податоци на Државниот завод за статистика за раст на БДП во последниот квартал од 2024 година од 3,2%!“, напиша министерката на својот „Фексбук“ профил.

    Тоа е значајно, со оглед на претходните состојби.

    Затекнавме економија која беше во стагнација со раст на БДП од 1,2% во првиот квартал, 2,3% во вториот квартал. Тоа бараше итни и неодложни мерки на краток рок за да овозможиме економијата да почне да се опоравува и да се фокусираме на политики коишто ќе овозможат засилена економска активност со просечни стапки од 5%“, посочува министрката, која на крајот вели: „Инвестициите се нашата главна карика на концептот што го избравме и ќе продолжиме во наредниот период во остварување на тој концепт“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично