ПОВЕЌЕ

    Нетрговските трансфери со скромни 612 акции

    Време зa читање: < 1 минутa

    Само 612 акции се забележани минатата недела во нетрговските трансфери. Помалку и од вообичаените дневни просеци. Меѓу нив има десет приоритетни, а сите други се обични акции, издадени од шест друштва – четири компании и две банки.

    Два дена едно по друго се подарувале акции на „Алкалоид“: 30 во вторникот и 180 обични акции во средата. Вкупно 210.

    А, во четврток и петок е регистриран преносот на сопственоста кај 208 хартии од вредност на „Жито Лукс“: прво 207, а потоа уште една. Која е единствената евидентирана во текот на последнот минатонеделен работен ден.

    Во статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност се влезени 110 обични акции на „Макстил“. Како и 24 на Макпетрол.

    Исто така, во податоците за нетрговските трансфери што ги објавува Македонска берза ги има и акциите на двете големи банки. На Комерцијална банка – 50 обични и на Стопанска банка Скопје – 10 приоритетни акции.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично