ПОВЕЌЕ

    Воодушевувачки бродвејски настап на 12-годишната Агнеса од Скопје на „Карнеги Хол“ во Њујорк

    Време зa читање: 2 минути

    American Protégé е американски музички натпревар кој нуди различни меѓународни натпревари за музика и песни од различни жанрови, инструменти и нивоа на квалификации на апликантите. Натпреварот се одржува секоја година во „Карнеги Хол“, Њујорк.

    Оваа година во декември организација музичките натпревари привлекле најголем број конкурентни кандидати досега од 73 земји. Меѓу кои е и 12-годишната Агнеса Русомаровска од Скопје. Агнеса настапи во бродвеј категоријата со Tomorrow од мјузиклот Annie. Беше придружувана од пијано, а нумерата ја изведе без микрофон.

    Нејзиниот обемен и јак вокал ги воодушеви сите во „Карнеги Хол“.

    Агнеса од Скопје беше единствениот претставник од Европа во 2024 година во сите категории.

    Со музика се занимава од 4-годишна возраст, а под водство на наставник пет години пее во детски хорови. Последните две години оди на поединечни часови кај Ана Костадиновска, којашто ја подготвуваше и за настапот во Њујорк.

    Под нејзино менторство Агнеса се пријави на натпреварот American Protege, а победниците беа повикани да настапат во „Карнеги Хол“ во Њујорк.

    Претходно Агнеса настапи на два меѓународни натпревари во Скопје, во МНТ и МОБ, каде што освои прво место.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично