ПОВЕЌЕ

    НАЈГОЛЕМАТА ФАРМАЦЕВТСКА КОМПАНИЈА ЌЕ ГРАДИ фотоволтаична централа – Формирано друштвото „Алкалоид Енергетика“

    Време зa читање: 2 минути

    Уште еден храбар потег на скопски „Алкалоид“ – ќе гради фотоволтаична централа и за сопственото производство ќе обезбеди одредени количини електрична енергија. За таа цел е регистрирано друштвото „Алкалоид Енергетика“, кое е во стонастотна сопственост на најголемата и најуспешна македонска фармацевтска куќа.

    „Алкалоид АД Скопје регистрираше ново капитално поврзано друштво со назив Алкалоид Енергетика ДООЕЛ Скопје, со цел производство на електрична енергија. Друштвото е во 100 % сопственост на Алкалоид АД Скопје“, се вели во известувањето објавено на Македонска берза.

    Фотоволтаичната централа ќе се гради во Гевгелија. Со овој проект, освен што ќе се произведува електрична енергија за сопствени потреби, се потврдуваат и напорите на компанијата континуирано да продоннесува во заштитата на животната средина.

    „Имајќи ги предвид заложбите на Алкалоид АД Скопје за намалување на јаглеродниот отпечаток во рамките на својата ESG-стратегија и напорите за одржлив развој, овој потег е од исклучителна важност во нивното остварување. Проектот предвидува изградба на фотоволтаична централа лоцирана во Гевгелија, со капацитет за производство на електрична енергија од околу 11 илјади мегават-часови на годишно ниво“, информираат од компанијата.

    Притоа, се посочува дека со тие капацитети ќе се овозможи од 75 до 85 проценти од електричната енергија која се користи за производствените капацитети, да биде од сопствени обновливи извори. И како општествено одговорна компанија која се грижи за животната средина и за здравјето на граѓаните, придонесува за намалување на загадувањето и за целосно исполнување на строгите еколошки стандарди.

    „Инвестирањето во нови производствени капацитети, современа опрема, во изработка на квалитетни проекти, грижа за животната средина и во енергетска ефикасност останува примарна стратешка определба на Алкалоид АД Скопје и во периодот што следува“, се вели во информацијата што фармацевтската компанија ја сподели со инвеститорската јавност.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично