Моделите на Samsung телевизори за 2024 година поставуваат нови стандарди во јасноста и длабочината на сликата, благодарение на напредните технологии за вештачка интелигенција што го унапредуваат приказот и звукот. Ако сте во потрага по вистинско кино-искуство во вашиот дом со спектакуларен екран од 98 инчи (249 см), овие модели се идеалниот избор што ќе ве воодушеви. Со нив ќе се чувствувате како да сте дел од светот на содржините што ги гледате.
Samsung Crystal UHD DU9000
Маестралниот Samsung Crystal UHD DU9000 е идеален избор за секој филмски фанатик, љубител на спорт или искусен гејмер. Со својот импресивен екран од 98 инчи (249 см) и функцијата Supersize Picture Enhancer, која користи вештачка интелигенција за обработка на слики во реално време, овој телевизор нуди неверојатно искуство при гледањето. Crystal UHD технологијата создава живописни, реалистични бои и јасни детали, носејќи го гледачот директно во светот на екранот.
Благодарение на кристалниот процесор 4К, содржините како филмови, серии и други визуелни материјали се прикажуваат во врвна 4К резолуција, со моќно скалирање што ги истакнува сите детали. Функцијата PurColor овозможува репродукција на широка палета на живи бои за автентично и оптимизирано гледачко доживување, додека Contrast Enhancer динамично го регулира контрастот за создавање чувство на длабочина и природност на боите. Звукот дополнително го збогатува искуството, прилагодувајќи се на содржината благодарение на аудиосценската интелигенција, што овозможува совршено усогласено аудио кое го следи секое дејствие.
Samsung Neo QLED 4K QN90D
За вистинските ентузијасти на домашното кино Neo QLED 4K QN90D со спектакуларен екран од 98 инчи е создаден за да овозможи максимално уживање. Функцијата SuperSize Picture Enhancer, засилена со вештачка интелигенција, го оптимизира квалитетот на сликата за огромни екрани, додека NQ4 AI Gen2 процесорот ги усовршува сликата и звукот, носејќи ја моќта на AI директно во вашиот дом во 4К резолуција.
Quantum Matrix технологијата овозможува ултра прецизна контрола на светлината, истакнувајќи ги и најситните детали во светли и темни сцени, додека HDR оптимизацијата дополнително го усовршува осветлувањето и боите. Со функцијата Auto HDR Remastering, SDR содржините се прикажуваат со квалитет на HDR, нудејќи посветли моменти, поживописни бои и јасни детали.
Звукот, благодарение на AI обработката и Dolby Atmos технологијата со нагоре насочени звучници, овозможува автентично и импресивно surround аудио искуство од следната генерација.
Технологијата за 4K AI скалирање, базирана на 20 AI невронски мрежи, ги трансформира сите содржини во речиси 4К резолуција со боен приказ сертифициран од Pantone. За гејмерите, исклучителната стапка на освежување од 144 Hz и можноста за прилагодување на длабочината на сцените обезбедуваат супериорно гејминг искуство, давајќи им конкурентска предност и целосно уживање во игрите во духот на 2024 година.
Samsung QLED 4K Q80C
Овој телевизор припаѓа на минатогодишните модели. QLED 4K Q80C, со дијагонала од импресивни 249 сантиметри (98 инчи). Благодарение на револуционерната технологија Quantum HDR+, сцените се прикажуваат со извонреден контраст и живописност, создавајќи спектакуларно гледачко искуство.
SuperSlim дизајнот комбинира врвна елеганција, модерен минимализам и футуристички стил, правејќи го совршено вклоплив во секој дом, каде забавата ќе биде во центарот на вниманието. Опремен со Neutral Quantum 4K процесор и напредна вештачка интелигенција, телевизорот ги подобрува сликите со понизок квалитет, додека интелигентниот режим за удобност на очите автоматски ги прилагодува поставките за пријатно гледање дури и при подолги часови пред екранот.
Quantum Dot технологијата овозможува репродукција на милијарда нијанси на автентични бои, сертифицирани од PANTONE, кои создаваат неверојатно живописен и реалистичен приказ.
Звукот, пак, нуди тродимензионална прецизност и длабочина што целосно ве вовлекува во филмовите, музиката и игрите. Технологијата OTS Lite обезбедува виртуелен звук што ги следи случувањата на екранот, нудејќи извонредно аудио искуство. Од најтивките дијалози до најдинамичните акциони сцени, звукот е јасен, детално дефиниран и впечатлив.
Зошто Samsung телевизор?
Ако се прашувате зошто да одберете токму Samsung TV AI, одговорот е следиот: Затоа што е признаен како број 1 бренд на телевизори веќе 18 години по ред и шестократен добитник на CES награди за иновации. Покрај тоа, производителот веќе долго време успешно ја гради приказната за Samsung екосистемот во вашиот дом, олеснувајќи ви многу активности во секојдневието и овозможувајќи ви да уживате во благодетите на модерното живеење. Благодарение на апликацијата SmartThings, можете со вашиот телевизор да управувате од телефонот, или пак на големиот ТВ екран да ги следите поврзаните уреди преку едноставно праќање на известување на вашиот паметниот телефон. Оваа инсталација без напор се применува на сите уреди на Samsung во домот, како и на апарати и IoT уреди од трети страни, благодарение на компатибилноста со Matter. Дополнително, одржливоста и грижата за животната средина секогаш има особено важно место во приоритетите на Samsung и овој пат кажете им збогум на батериите за полнење на далечинскиот управувач SolarCell за вашиот Samsung телевизор и оставете го да се полни со дневна и сончева светлина.
Како и секогаш, безбедноста е на прво место со Samsung Knox. Секоја функција, апликација и платформа има силна заштита за да го задржи вашето поврзано искуство приватно и безбедно, за што Samsung го доби Сертификатот за општи критериуми (СС) за линијата телевизори за 2024 година.