ПОВЕЌЕ

    Зошто е важно секој човек да ја разбере психологијата на парите?

    Време зa читање: 4 минути

    Сакале или не, парите се многу значаен дел од нашиот живот. Тие не треба да ни бидат главен двигател, но сепак, кога ние ги раководиме нив, а не тие нас, имаме многу повеќе можности за да ја пренасочуваме својата енергија кон други, позначајни нешта.

    Морган Хаусел, авторот на „Психологија на парите“, е докажан експерт за бихевиорално планирање на финансиите. Неговите совети им помагаат на многу бизнисмени низ светот, но и на обичните луѓе.

    Користејќи ги сознанијата од психологијата, историјата, неврохирургијата и социологијата, Хаусел ги запознава луѓето со предрасудите што ги доведуваат инвеститорите до грешки во проценките. Според неговите теории, човековото однесување може да биде клучно во остварувањето на финансиските цели.

    Секако дека целта не е прав, еднонасочен пат. Но со помош на различни алатки и совети, согледувајќи ги грешките на другите, можете да го забрзате патот до врвот.

    Во овој свој бестселер Морган Хаусел изложува неколку правила во областа на личниот и професионалниот развој, а еве дел од нив, кои се првите чекори до успехот.

    1. Ништо не е толку добро ниту толку лошо колку што изгледа

    Среќата и ризикот се браќа. Тие се доказ дека секој исход во животот е резултат на повеќе надворешни сили, а не само на индивидуалниот напор. Затоа, помалку фокусирајте се на конкретни поединци или ситуации од реалниот живот, а повеќе обидувајте се да ја согледате пошироката слика.

    1. Најтешката финансиска вештина е точно да ја утврдите својата цел

    Ако очекувањата растат со резултатите, нема логика да се стремите кон повеќе, затоа што ќе се чувствувате исто и по дополнителниот напор. Животот бара балансирање и чувство за мера. Среќата е само резултат на равенката: исходи минус очекувања.

    1. Има многу работи за кои никогаш не вреди да се ризикува, без оглед на можната добивка

    Не врзувајте се премногу за ништо – за вашата репутација, за вашите достигнувања или за што и да е друго. Слободата и независноста се непроценливи. Среќата е непроценлива.

    1. Да се збогатите или да останете богати

    Доброто инвестирање не значи нужно носење добри одлуки. Поентата не е во тоа да не грешите цело време. Постојат милиони начини како да се збогатите, но само еден начин да останете богати. На таа тема луѓето ретко разговараат, а Хаусел отворено „ја растајнува“.

    1. Планирањето е важно, но најважниот дел од секој план е да се испланира она што нема да испадне според планот

    Планот е корисен само ако може да ја преживее реалноста. А иднината исполнета со непознати е сечија реалност. Добар план е оној во кој има простор за грешки. Многу инвестиции не пропаѓаат затоа што биле лоши, туку затоа што не ја зеле предвид ситуацијата што не е дел од планот.

    „Она што ќе ги измачи другите да го сфатат, за генијот е обична работа“, вели Наполеон. А во секој од нас има по еден гениј. Важно е да знаеме да го насочиме на вистинското место и од тоа да извлечеме полза.

    Книгите ни ги даваат најдобрите совети за остварување на зацртаните цели, затоа што ни даваат знаење и насоки според кои ги нагодуваме нашите соништа и планови. Книгата „Психологија на парите“ е издание на ТРИ и ја има во сите нивни книжарници и онлајн на kniga.mk.

    Со книга до победа!

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично