Хуманоста како главен повод и желбата за јакнење на тимскиот дух беа силен поттик за вработени во Комерцијална банка и годинава да скијаат на традиционалниот хуманитарен велеслалом во Маврово. Со двајца финалисти, добра дружба и голема хуманост на дело претставниците на Комерцијална банка повеќе од успешно го завршија и годинашниот настап.
Оваа година, 21-то издание на Хуманитарниот велеслалом ги собра компаниите во Маврово со цел обезбедување финансиска помош за Асоцијацијата за цистична фиброза ЦФ Скопје.
За Комерцијална банка скијаа деветмина вработени во три тима, кои ги промовираа своите лични и корпоративни вредности за поддршка на хумани цели.
Хуманитарниот велеслалом годинава собра 750 илјади денари од котизации, кои беа донирани за хумани цели, односно обезбедување терапија и квалитетен живот на лицата со ретки болести.
Извор: kb.com.mk