Доколку сте одговорна, прецизна и активна личност, ориентирана кон остварување на високи резултати, придружете се и Вие кон успешниот тим на професионалци!
Биди и ти дел од тимот на УНИБанка
Референт во Сектор за водење корпоративни досиеа
во Дирекција Кредитна администрација
Потребни квaлификации:
- Диплома за завршено средно образование;
- Организациски и комуникациски вештини;
- Способност за тимска работа и работа под притисок;
- Подготвеност за преземање на одговорност и иницијатива;
- Одлично познавање на Microsoft Office;
- Висока мотивираност за остварување на зададените цели и за стекнување на нови знаења.
Одговорности и задачи:
- Евидентирање на доставена документација за веќе реализирани пласмани;
- Контрола на комплетноста на кредитната докуменација во согласност со соодветните одобрувања
- Ги подготвува, следи и управува со активните досиеа
- Архивирање на затворени пласмани и досиеа
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија (CV) на: [email protected], или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 11.09.2022 година.
Со пријавување на објавениот оглас, ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги собира, обработува и чува Вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законсите прописи.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк: [email protected]