
Акцизите и увозните давачки во 2025 година се реализирани значително под планираното, со потфрлање од 8 до 12 процентни поени, што во апсолутен износ изнесува приближно 93 милиони евра. Според директорот на Царинската управа, Бобан Николовски кој гостува во поткастот „Каде се парите?“, проблемот не е во институционален застој или во слабости при наплатата, туку во премногу оптимистичките и мотивирачки проекции при буџетското планирање. Тој оценува дека очекувањата за висок раст на давачките биле со цел да се натера Царина напорно да работи.
„Дали чашата ја гледате полна или празна? Зошто? Затоа што планот на Министерството за финансии, кога го правеа и имаш и консултации со нас, беше доста мотивирачки направен. Ние во Царинската управа го сметаме за еден мотивирачки. Сакавме да се мотивираме да направиме што подобри услови во економијата за да ги наполниме буџетот на Република Македонија.“
Следете нè и притиснете „subscribe“
Аналитика








