Предоминантно пазарно ориентираните деловни субјекти (58 231) со ангажирани 396 629 вработени лица, остварија вкупен промет од 1 312 068 милион денари и додадена вредност од 281 656 милиони денари.
Претпријатијата од секторот Трговија на големо и на мало и од секторот Преработувачка индустрија учествуваат со повеќе од две третини во вкупниот промет (69.1 %), а по нив следат секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација сo 7.1 %, Градежништво со 6.5 % и Транспорт и складирање со 5.8 %.
Најголем дел од вработените се ангажирани во секторот Преработувачка индустрија, 31.0 %, во кој се создава 27.9.% од вкупната додадена вредност. Секторот Трговија на големо и мало ангажира 25.9 % од вкупно вработените кои создаваат 23.7 % од вкупната додадена вредност. Значително учество во додадената вредност имаат и секторите Градежништво 9.6 %, Транспорт и складирање 8.0 % и Информации комуникации 7.3 %.
Доминираат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени (90.5 %), најголемиот дел од нив од областа на трговијата (40.7 %). Со ангажирани 31.8 % од вкупно вработените, тие имаат создадена 21.2 % од вкупната додадена вредност. Од друга страна, во големите претпријатија (0.3 %), главно од секторот Преработувачка индустрија, се ангажирани 25.9 % од вкупниот број вработени, со остварени 36.8 % од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор.