ПОВЕЌЕ

    80% ОД КОМПАНИИТЕ СЕ СООЧИЛЕ СО ПРЕЧКИ ЗА ДРЖАВНА ПОМОШ

    Време зa читање: 2 минути

    Дел од странските компании во Македонија користат државна помош, но процесот не е секогаш едноставен и предвидлив, покажува анкетата на Советот на странски инвеститори, вели Виктор Мизо во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“. Инвеститорите бараат јасни критериуми и унифициран пристап во процесот на доделување поддршка. Нејасните процедури создаваат неизвесност во планирањето на инвестициите. Компаниите сакаат однапред да знаат што точно се смета за инвестиција и кои услови треба да се исполнат. Според бизнис-заедницата, транспарентноста и правната сигурност се важни за нови вложувања. Поедноставувањето на процедурите може да поттикне дополнително реинвестирање.

    „Она што беше кажано и добро е тоа да го потегнеме како коментар, дека 57% од компаниите кои беа анкетирани добиваат државна помош или се во процес на добивање на истата. И од тие 57%, 80% кажаа дека се соочиле со некаква пречка или со некаков предизвик или во исплатата на државна помош минатата година или во процесот на што точно дефинирање на како таа државна помош се квалификува и се прифаќа. Зборувам овде за странските компании, не за голем број на домашни компании кои според Закон за финансиска поддршка на инвестиции добиваат помош.“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично