ПОВЕЌЕ

    70 милиони евра за локални патишта – потпишан договорот со Светска банка

    Време зa читање: 2 минути

    Потпишан договорот со Светска банка со кој се обезбедуваат 70 милиони евра за рехабилитација, реконструкција и надградба на 450 километри локални патишта во 80 општини во земјава. Договорот е потпишан од министерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на Kанцеларијата на Светска банка во  Република Северна Македонија Марко Мантованели.

    -Секој вложен денар во инфраструктурата четирикратно се враќа: се поттикнува транспортот, трговијата, туризмот и воедно се обезбедуваат подобри услови за живот на граѓаните. Преку овој проект ќе се обезбедат средства со кои ќе се подобри локалната инфраструктура низ целата земја. Проектот е дел од четиригодишната Рамка за соработка со Светска банка во вредност од 420 милиони евра, која опфаќа инвестиции во инфраструктура, проекти за вложување во човечки капитал, фискална одржливост и одржливост на животна средина – посочува министерката за финансии Ангеловска.

    Средствата се обезбедуваат под исклучително поволни услови, со рок на отплата од 15 години и грејс период од 5 години и каматна стапка од 6-месечен ЕУРИБОР зголемен за фиксен распон, со што сега каматната стапка изнесува 0,15%.

    Инаку во Министерството за транспорт и врски веќе е формирана проектна единица за спроведување на проектот, до која општините можат да доставуваат проекти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично