ПОВЕЌЕ

    6 работи кои не ги знаете за Бернард Арно, сега веќе најбогатиот човек во светот

    Време зa читање: 2 минути

    Во светот на бизнисот силно одекна веста за новиот најбогат човек во светот.Веста за богатството на Арно се појави неколку дена откако тајкунот го истисна Илон Маск, „тежок“ 160,3 милијарди долари, од второто место на листата на најбогати.

    Имено, светот го доби новото име на најбогат човек.

    Се работи за францускиот тајкун Бернард Арно кој го надмина Џеф Безос и стана најбогатиот човек на светот со богатство од 186,3 милијарди долари.

    Акциите на LVMH скокнаа за 0,4 проценти во првите часови на тргување, со што личното богатство на извршниот директор се зголеми за 600 милиони долари на 186,3 милијарди долари и пазарната вредност на компанијата на 320 милијарди долари, пренесува Форбс.

    Извршниот директор на Амазон, Џеф Безос има 300 милиони долари помалку – 186 милијарди долари, што го прави втор на листата на најбогати.

    Бернард Арно е инвеститор и претседател на луксузната група LVMH која продава исклучиво луксузни брендови. Со последните промени во светото на богатите Арно досега 3 пати се нашол на врвот на листата на најбогати луѓе.

    Еве неколку работи кои не сте ги знаеле за Бернард:

    1. Тој е страствен колекционер на уметнички дела
    2. Аплицирал за белгиски пасош за да избегне даноци
    3. Тој е близок пријател со Саркози, поранешниот претседател на Франција, како и сегашниот претседател Емануаел Макрон
    4. Има инвестирано 143 милиони долари во модерен музеј
    5. Сопственик е на остров на Бахамите, кој го купил за 35 милиони долари
    6. Првиот бренд кој го купил бил Кристијан Диор во 1984
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично