Инвеститорите не се согласуваат за многу нешта, но тие се согласуваат дека за да се заработат пари на берзата потребна е стабилна стратегија која е изградена околу неколку правила.
Ако немате ваши сопствени правила за инвестирање, дозволете ни да ви ги презентираме правилата на некои од врвните инвеститори.
Денис Гартман
Денис Гартман започна со објавувањето на неговиот Гартман билтен во 1987. Тој е наменет за глобалните хеџ фондови, брокерски фирми и инвестициски фондови.
„Бидете трпеливи во однос на победничките акции; бидете крајно нестрпливи со акциите кои губат на вредност. Запомнете дека е сосема можно да се заработат големи суми со тргување ако сме „во право“ само 30% од времето, се додека нашите загуби се мали, а нашата добивка е голема.“
Ворен Бафет
Општо прифатен како најуспешниот инвеститор во историјата. Кога Бафет зборува, светските пазарите се движат врз основа на неговите зборови.
„Далеку е подобро да се купи прекрасна компанија по фер цена отколку фер компанија по прекрасна цена.”
Бафет е познат и како учител. Неговите годишни извештаи до инвеститорите во неговата компанија, Беркшир Хатавеј, се користат во часовите за финансии на факултетите ширум светот.
Бил Грос
Бил Грос е ко-основач на PIMCO, еден од најголемите фондови за обврзници во светот.
“Дали одредена акција ви изгледа привлечна? Ставете 10% од вашето портфолио на нејзе. Добрите инвестициски идеи не треба да бидат диверзифицирани во бесмислен заборав.“
Универзално правило што го знаат повеќето млади инвеститори е диверзификација, односно неставање на целиот ваш капитал за инвестирање на една компанија. Диверзификацијата е добро правило, но, исто така, може да го намали вашиот профит кога некој од вашите избори прави голем потег додека другите имиња не. Правењето пари на пазарот е базирано на шанси засновани на исцрпно истражување.
Принцот Алвалид Бин Талал
Можеби никогаш не сте слушнале за принцот Алвалеид Бин Талал, но тој е добро познат во светот на инвестирање. Пред почетокот на Големата Рецесија, тој поседувал удел од 14,9% во Ситигруп по цена многу повисока од нејзината цена по рецесијаta.
„Се повредуваме, но јас сум долгорочен инвеститор.“
Карл Икан
Карл Икан е приватниот корпоративниот напаѓач преку купување на големи удели во компаниите и обидот да се зголемат гласачките права.
„Учиш во овој бизнис … Ако сакаш пријател, земи куче.“
Карлос Слим
Сопственик на стотици компании, и работодавач на повеќе од 250.000.
„Убеден сум дека целата оваа сиромаштија во Мексико и во Латинска Америка, како што беше случајот со Кина, е можност да се расте. Тоа е можност за инвестиции.“
Сега кога веќе ги знаете некои од правилата на овие инвеститори, време е станете студент на овие инвеститори и да учите од нивните искуства. Почнете да ги применувате новите правила, и следете ги дури и кога вашиот ум ви кажува не.