Кинеската компанија Алибаба постави нов рекорд во продажба на Интернет во вредност од 56 милијарди долари за време на годинешниот празничен шопинг, Денот на самци, но тој подвиг беше во сенка на осум проценти пад на акциите на компанијата предизвикани од предложените нови кинески антимонополски регулативи.
Денот на самци е традиционален 24-часовен трговски настан во Кина кога продавачите нудат десетици милиони производи со огромни попусти на платформите за е-трговија управувани од Alibaba, JD.com и други играчи.
Кинескиот празничен шопинг има поголем промет од „Црниот петок“ и „Сајбер понеделник“ заедно во САД, пренесува CNBC.
Оваа година, трговците на интернет JD.com и Alibaba го продолжија фестивалот за шопинг, кој започна на 1 ноември и ќе трае до 12 ноември до полноќ.