ПОВЕЌЕ

    ЕЦБ подготвува печатење на уште 500 милијарди евра

    Време зa читање: 2 минути

    Инфлацијата во еврозоната падна на најниско ниво за четири години, поради што аналитичарите и учесниците на пазарот предвидоа нови парични стимулации на Европската централна банка, објави Bloomberg.

    Индексот на потрошувачките цени покажува минимален раст, а економијата на Стариот континент паѓа во подлабока рецесија.

    Наспроти ова, економистите очекуваат ЕЦБ да објави нова серија на вонреден откуп на хартии од вредност. Повеќето од нив очекуваат зголемување на стимулациите од најмалку 500 милијарди евра, што значи дека нивниот вкупен износ за оваа година ќе достигне 1,6 трилиони евра.

    Евентуалното зголемување на директната набавка на обврзници на финансискиот пазар ќе ја зајакне улогата на ЕЦБ во економското закрепнување на европската економија по кризата.

    Покрај тоа, таа ќе обезбеди еден вид “горна граница” на каматните стапки на државните обврзници, што е многу важно во позадината на амбициозниот план на Европската комисија за издавање паневропски обврзници.

    Досега, макроекономските податоци ги потврдуваат мрачните прогнози на претседателот на Европската централна банка, Кристин Лагард, која предвидува дека економијата на Еврозоната ќе се намали за измеѓу 8 проценти и 12 проценти до крајот на 2020 година.

    Повеќето економисти кои ги анкетирал Bloomberg очекуваат дека програмата за директен откуп на обврзниците ќе продолжи и во 2021 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично