ПОВЕЌЕ

    5.000 шумски садници засадија вработени во Комерцијална банка за да ги вратат шумите во Светиниколско

    Време зa читање: 2 минути

    Климатските промени бараат реакција сега и веднаш. Пустошот што им се случи на шумските предели во источниот дел на државата, кои летово беа зафатени од катастрофални пожари, ги натера вработените во Комерцијална банка да излезат на терен и да засадат 5.000 шумски садници на соодветни предели кои бараа итно пошумување.

    Еко-акцијата беше организирана од Синдикалната организација при Комерцијална банка, во соработка со Координативното тело за општествена одговорност на Банката. Млади дрвја беа посадени на површина определена од ЈП „Национални шуми” и ПШС „Шумарство” – Св. Николе, која се наоѓа на околу седум километри од Свети Николе. Во самата акција учествуваа и вработени во ПШС “Шумарство”, како и локални жители.

    Веруваме дека ова ќе биде наш значаен придонес во зачувување на животната средина затоа што здравјето и квалитетот на животот ни се подеднакво важни на сите. Се надеваме дека со оваа акција ќе придонесеме и за подигање на општествената свест за потребата од поголема грижа и проактивност за заштита на природата. Впрочем – ПОЛЕСНО Е ЗАЕДНО

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично