ПОВЕЌЕ

    5 совети како да заштедите пари

    Време зa читање: 2 минути

    Постојат едноставни измени во вашата дневна рутина, кои со мали конзистентни заштеди можете на долг рок да заштедите многу.

    1. Бидете проактивни со вашето штедење: Испразнете ги џебовите секој ден и соберете мала сума. Потоа однесете ја таа сума во банка и ставете ја директно во сметката за заштеда.
    2. Подготвување за купување на намирници: Доколку не испланирате детално што ќе купите од продавница, шансите се големи дека ќе купите работи кои не ви се неопходни. Пред да излезете, направете список. Користете купони и програми за лојалност за да ги зголемите вашите заштеди.
    3. Нарачувајте помали порции во рестораните: Јадењето во ресторани секој ден може негативно да се одрази на вашите финансии. Но секако, вашиот социјален живот не мора да страда за да заштедите пари. Бидете свесни и одлучете да нарачате помали порции.
    4. Мапирајте ги главните набавки: Кога ќе биде време за купување на уреди, мебел, електроника според годишните периоди на продажба, не купувајте ништо набрзина. Секогаш почекајте еден или два дена. Статистиките покажуваат дека така драстично се намалува купувањето на производи за кои подоцна би се каеле.
    5. Интернет, телефони и телевизија: Разгледајте други опции за интернет и телевизија. Можеби користете брзина која не ви е неопходна. Информирајте се за сите понуди на пазарот. На долг рок, може да заштедите многу.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично