Губењето на работата е една од најстресните ситуации во животот на секоја личност. Постојат работодавци кои го земаат предвид овој факт при спроведување на плановите за рационализација, но исто така и оние кои тоа го прават на наједноставен и, најчесто, најсуров начин, без размислување. Тука се и оние трети лица, кои се обидуваат да му направат добро на вработениот во моментот кога ќе дадат отказ, иако тоа е, во најголем дел, почеток на неговата агонија.
Германски „Фокус“ го пренесува искуството што го имал Ашкан Саjоуги, адвокат специјализиран за работно право, кој застапува партнер во берлинската адвокатска фирма Шевалие, застапувајќи бројни работодавци за време на неговата богата кариера.
„Коронската криза има значително негативно влијание врз економијата. Угостителството и туризмот се особено погодени. Ако нема гости, нема сообраќај, па затоа не може да се обвинуваат компаниите дека мора да отпуштаат работници. Сепак, има и такви компании кои под изговор на кризата сакаат да се ослободат од одредени работници. Во последните неколку месеци, нашата адвокатска канцеларија се почесто се занимава со вакви случаи, каде што економската криза заради пандемијата само забрза одредени одлуки за отпуштање на вработените. Големите корпорации се истакнуваат во ова. Секогаш сум изненаден од сите креативни трикови што ги смислуваат газдите за да натераат некои вработени да си заминат сами“, објаснува Соjуги.
- Програми за волонтирање
Овој трик честопати е толку добро маскиран што е тешко да се види дека е на штета на вработениот. Програмата за волонтирање звучи добро, бидејќи го има оној сегмент што е поврзан со „доброволно“. Но, во реалноста, тоа е програма со лоши услови и одредби за договор според кои компанијата секогаш победува. Оваа програма често се користи за жени кои сè уште се на породилно отсуство или штотуку излегле од породилно. Тие се согласуваат на програми за „волонтирање“ затоа што не можат да работат навечер или за време на викендите.
2. Скратено работно време
Точно под изговор на кризата поради пандемијата, во овој период голем број работодавци им нудат на вработените да останат на работа, но со скратено работно време. Ова, според адвокатот на берлинскиот Шевалие, може да биде сомнително, доколку има работници кои сè уште работат со полно работно време. Пресметката на работодавачот во овој случај е дека вработените со скратено работно време ќе го изгубат интересот за работата, што подразбира помал приход, така што тие ќе заминат сами.
3. Понуда на неповолен раскинлив договор
Договор за вработување обично се потпишува со заеднички договор. Но, секој од вработените, како што тврди германскиот адвокат, мора да има предвид дека договорот е склучен за да му користи секогаш на работодавецот, а не на работникот. Во оваа смисла, делови од договорот честопати се пишуваат нејасно, со што се отвора можноста за различни толкувања. Вработен кој не бара разјаснување на секоја точка од договорот за договорено прекинување на работниот однос, секогаш е во опасност дека потпишаното, нема да биде во негова корист.
4. Стратегија за одбивање
Постојат работодавачи кои не сакаат да потпишат никаков договор со оние што повеќе не ги гледаат во нивната компанија и ги обврзуваат да плаќаат оштета и отпремнина. Во овие случаи, вработените се туркаат на маргините на настаните, и не им се даваат пристојни задачи и очигледно немаат изгледи за напредок. Во овие случаи, работодавачите сметаат на фактот дека мотивацијата на овие вработени да работат во таа компанија ќе се намали, и со тоа индиректно ќе тераат самите да дадат отказ.