Дури, 58% од глобалната е-трговија е распоредена помеѓу само шест компании. Четири кинески компании учествуваат во речиси половина од глобалната продажба на дигитални производи.
Глобалната е-трговија минатата година достигна 3,4 трилиони долари, според новиот извештај на „Activate Consulting“. Илјадници брендови и трговци дистрибуираат удел од само 37% од тие 3.4 трилиони долари, додека шест гиганти кои се главно кинески компании заземаат повеќе од половина од таа вредност.
Ова се најголемите компании за е-трговија, заедно со процентот кој го поседувааат на глобалниот пазар за е-трговија:
- Taobao.com: 15%
- TMall.com: 14%
- Amazon: 13%
- JD.com: 9%
- Pinduoduo: 4%
- eBay: 3%
Интересно е тоа што повеќето од тие приходи се остварени преку продажба на онлајн пазарите. Со други зборови, ова не е традиционална малопродажба каде што компанијата има производ на залиха, го продава и го испраќа на клиент. Наместо тоа, тие се пазари што ги поврзуваат купувачите и продавачите, овозможувајќи трансакции помеѓу купувачите и продавачите за производи што трговците (т.е онлајн пазарите) никогаш не можат физички да ги допрат/поседуваат.
Околу 5% од глобалното учество во е-трговија е преземено од мала група на сè уште масивни компании како: „Rakuten“, „Walmart“, „VIP.com“, „Sunning.com“, „Apple“, „Shopee“.
Како што видовме претходно, пандемијата Ковид-19 го забрза растот на е-трговијата многу побрзо отколку што беше претходно предвидено. Просечниот раст на дигиталната трговија во САД во текот на изминатите неколку години беше во опсег од 15% на годишно ниво, а се предвидува забавување на растот за во иднина бидејќи вкупниот обем на е-трговци продолжува да расте.
Но, оваа година, продажбата на мало во е-трговија се зголеми за двојно, со досега забележан пораст од 32%, далеку повеќе од 15% во 2019 година.
Е-трговијата се предвидува скоро двојно да се зголеми до 2024 година, зголемувајќи се на 6,5 трилиони долари на глобално ниво од ланските 3,4 трилиони долари. Интересно е што, додека е-трговијата ќе ја надмине физичката малопродажба со стапка на раст, физичката малопродажба исто така ќе расте.
Проценките се дека физичката трговија на мало ќе оствари продажба од 18,5 трилиони долари во 2020 година и ќе достигне 21,4 трилиони долари во 2024 година. Учеството на дигиталната трговија во вкупната продажба на мало ќе биде 18% оваа година и 23% во 2024 година, според предвидувањата на компанијата.