Во текот на последната деценија, се појави генерација на ФинТек компании кои го предизвикуваат традиционалното финансиско работење и истовремено поттикнуваат нови иновации.
Развојот на технологијата секогаш има тенденција да ги намалува трошоците за развој на финансиските производи и услуги. Самата децентрализација и фрагментацијата ја ставија моќта во рацете на потрошувачот, давајќи им на клиентите повеќе избор од кога било.
Овие трендови ги поддржаа ФинТек компаниите, кои умешно ја користат новата технологијата за да понудат иновативни производи, подобар углед на клиентите и супериорни искуства на корисниците. Нивниот успех е забележителен. Глобалните инвестиции во финансиските технологии достигнаа рекордни 111 милијарди американски долари во 2018 година. Се смета дека има околу 1600 ФинТек компании во Велика Британија, од кои повеќето се лоцирани во Лондон. Но, секако постојат и неочекувани предизвици за ФинТек компаниите.
Борба против инерцијата
Инерцијата на клиентите е фрустрирачки реален феномен во финансиските услуги. Довербата во финансискиот сектор останува ниска додека малите бизниси, пак, не можат лесно да ги променат навиките за однесување со финансиите. Ен Боден, извршен директор на Стерлинг банка, вели дека „нешто не е во ред кога 20 милиони потенцијални клиенти продолжуваат по истиот пат, не менувајќи ништо, додека ние се среќаваме на разни конференции на високо ниво и се сложуваме за тоа колку сме самите револуционерни“.
Постои сеуште голема група на корисници кои се свесни за предностите што ги имаат ФинТек компаниите, но сé уште тежнеат кон конвенционалното банкарство. Подигањето на свеста и приближувањето на луѓето да се откажат од културната норма на размислување е секогаш главниот предизвик.
Конвенционалните играчи нема да бидат пасивни
Како што ФинТек компаниите заземаат сé поголем дел од пазарниот удел, гледаме дека банките со големи чекори се обидуваат да се вратат во игра. Голдман Сакс објави дигитален производ на штедење; Маркус и РБС започнаа да работат само со дигитална деловна сметка.
Во пракса се покажува дека ФинТек компаниите се сигурни во сопствените способности со својата агилност и флексибилност. Иновацијата е во нивната ДНК.
Преземање на плаќањата додека ФинТек компанијата расте
Бизнисите кои користат автоматизација согласно навиките на клиентите, значително ги намалуваат нивните проблеми со плаќањето. Тоа значи дека ФинТек компаниите кои сакаат да продолжат да растат мораат да воспостават беспрекорни системи за наплата. Во спротивно можат да загубат голем дел од пазарот.
Постојана ефикасност на ФинТек компанијата
Главниот предизвик на компанијата е да расте, каде притоа ќе остане флексибилна и ефикасна, без да ја губи способноста за иновации, агилност и проактивност. Секако дека дел од ова решение ќе значи и потпирање врз технологиите на информатичките системи, роботи кои користат вештачка интелигенција и автоматизација на голем број на процеси.