ПОВЕЌЕ

    4 начини за брза мотивација

    Време зa читање: 2 минути

    Доколку сметате дека ви фали инспирација и мотивација за да ги постигнете вашите цели, потребно е да имате одреден склоп на размислување. Еве неколку начина како на брз начин да се мотивирате за да постигнете повеќе:

    Silhouette of people happy time
    1. Прифатете го тоа што е ново. Многу луѓе имаат тенденции за избегнуваат нешта и искуства кои им се непознати. Во суштина, секој пат кога одлучуваме да кажеме “да” на нови предизвици и околности со кои не сме се сретнале претходно, во нашиот мозок се случуваат нови неуро-асоцијации и конекции кои го потикнуваат чувството на возбуда.
    2. Соочете се со стравот. Голем број на генерални стравови се ирационални. Посветете време за да ги идентификувате тие стравови кои ве држат “врзани” во status quo позиција. Кои ве ограничуваат и спречуваат да го постигнете вашиот целосен потенцијал. Со самото соочување на вашиот страв, се ставате во позиција да бидете опкружени со луѓе кои го собориле стравот, или во најмала мера, се трудат да го соборат.
    3. Менаџирајте го времето паметно. Доколку го анализирате вашето време ќе дојдете до сознание дека постојат активности кои ритуално бараат еден, два или повеќе часови во денот. Многу пати овие активности можат да бидат елиминирани доколку проактивно се реагира на нив. Земете хартија и пенкало и бидете искрени со себе. Каде можете да заштедите време и како можете секојдневно да бидете попродуктивни?
    4. Донесувајте решителни одлуки. Нашиот успех или неуспех е резултат на серија на одлуки. Во практика, не сме свесни дека можеме да донесеме одлука за да се откажеме од некој метод, начин, техника или обврска која не ни оди во прилог на начите цели. Самата свесност за тој наш избор, е многу пати “отрезнувачки” факт кој може да не мотивира да донесуваме помудри одлуки во иднина.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично