ПОВЕЌЕ

    Три илјади оштетени семејства од „Еуростандард банка“ веруваат во правда

    Време зa читање: 3 минути

     

    Три илјади оштетени семејства од „Еуростандард банка“ информираат дека ќе ја бараат првадата пред Уставниот суд, и апелираат Уставнот суд што побрзо да ја донесе својата одлука по однос на нивната иницијатива за укинување на членот 163, став 3, со кој се прави нееднаквост и дискриминација на доверителите во стечајната постапка на банката, како и да се изрече привремена мерка со која ќе се спречи нов грабеж на оштетените штедачи.

    Здруженето на оштетени штедачи од Еуростандард банка во новото соопштение велат дека се соочиле со сурова реалност дека личните пари на штедачите доверени во банката со години биле давани за ненаплатливи кредити преку однапред подготвен план парите да не им бидат вратени.

    „Народната банка, институцијата која требало да нѐ заштити, навремено да реагира и да превземе мерки да не дојде до штетни последици за депонентите во банката, не само што не реагирала туку со својата пасивност и толерантност кои придонела да се случува и развива криминалот во банката, со што станала и соучесник. Но, Народна банка и раководниот тим предводен од гувернерката Бежоска не се единствените соучесници во овој организиран криминал. Сите други институции кои се формирани од државата со задача да го следат текот на парите и да се борат против финансискиот криминал и перењето пари, поради својата пасивност и ненавремено делување не можат да бидат изземени од направениот придонес во развојот на криминалот во банката до небесни граници”, велат штедачите од Здружението.

    Во соопштението се потсетува на голготата во барањето на правда пред затворените институции и се нагласува дека последната и најголема надеж за правда ја полагаат во Уставниот суд.

    Здружението на оштетените физички и правни лица на Еуростандард банка „Правда за штедачи”, коешто токму поради вербата во правда и правичност го носи и наведеното име, цврсто се надева и верува дека Уставниот суд ќе одлучува правично и праведно, земајќи ги предвид сите факти и контрадикторности кои ги носи предметниот член од Законот за банки. Потсетувајќи дека е предизвикана штета врз околу три илјади семејства чии пари се заробени и злоупотребени, штедачите апелираат Уставнот суд што побрзо да ја донесе својата одлука по однос на предметната иницијатива.

    „Се надеваме и веруваме дека со одлуката на Уставниот суд ќе бидеме во можност да бидеме обештетени од стечајната маса на фер и правичен начин, а којшто нема да биде нерамноправен и дискриминирачки, како што е случајот поставен сега. Здружението изразува надеж дека Уставниот Суд ќе собере сила и ќе ја врати вербата во правната држава и владеењето на правото. Длабоко сме убедени дека одредбата која е оспорена и за која се бара укинување е неуставна”, се вели во соопштението на Здружението на оштетените штедачи од Еуростандард банка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично