“The Fortune 500” е елитен клуб на најголемите американски бизниси, кои комбинирано генерираа профит од над 1,2 трилиони американски долари во 2019 година.
Но, колку профит остваруваат овие компании по вработен?
Оваа визуелизација го открива одговорот со споредување на 20 компании со најмногу и најмалку поврат по вработен, користејќи пресметки од Tipalti (базирано на списокот од Fortune 500).
Топ 20 најпрофитабилни компании по вработен
Нуркајќи право, компаниите што заработуваат најмногу пари по вработен може да ве изненадат.
Гигантите Fannie Mae и Freddie Mac заземаат две од првите три места, со што во 2019 година донесоа респективни 1,9 милиони и 1,0 милиони долари по вработен.
Двете претпријатија спонзорирани од владата на САД се главни играчи на секундарниот хипотекарен пазар, купувајќи и тргувајки ги скоро половина од хипотеките во земјата. На дуото му беше дозволено да ги задржат своите профити од октомври 2019 година, наместо да ги вратат во американското Министерство за финансии.
Извор: Денар