ПОВЕЌЕ

    Инвестиција од 20 милиони долари за модернизација на „Филип Морис“ во Ниш

    Време зa читање: 2 минути

    Компанијата „Филип Морис Интернешнл“, инвестираше 20 милиони долари оваа година во својот производствен капацитет во Ниш, со што вкупната инвестиција на компанијата во Србија се доближи до 900 милиони долари.

    Инвестицијата во производствениот погон, наменета за дополнителна модернизација на фабриката и набавка на нови машини за производство и пакување, има за цел да го следи долгорочниот, стабилен тренд на раст на извозот од фабриката во Ниш, кој продолжува и покрај глобалната економска криза предизвикана од пандемијата.

    Со отворањето на новите извозни пазари за производите на „Филип Морис“, извозот од оваа фабрика во Србија е зголемен 20 пати во споредба со периодот пред 10 години.

    Генералниот директор на компанијата, „Филип Морис“ за Југоисточна Европа, Александар Јаковлевиќ, изјави дека фабриката во Ниш прерасна од фабрика наменета за производство за српскиот пазар во голем регионален и светски центар за производство, од каде што производите се извезуваат во повеќе од 50 земји.

    „Позицијата што ја изградивме во последните 17 години од приватизацијата, нè вклучи не само на списокот на најголеми извозници, туку станавме и втор по големина даночен обврзник во државниот буџет, како и Центарот „Филип Морис“ за Југоисточна Европа од кој координираме голем број на пазари. Имаме амбициозни планови за во иднина, во кои, сигурен сум, како и досега, ќе ни помогне стабилно деловно опкружување и предвидливост на регулаторната и фискалната политика“, рече Јаковlевиќ.

    Тој додаде дека поволната деловна клима, која несомнено ќе се одржи со новоформираната влада, од една страна ќе и овозможи на компанијата да продолжи да инвестира во својата фабрика во Ниш, како и во комерцијализација на производи кои имаат потенцијал да направат голем напредок во јавното здравство.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично