Според анализата што ја направи Пари, во април, оваа година имало 290 пензионери со пензија над 52.455 денари. 15 пензионери го зеле највисокиот износ од 57.304 денари, покажуваат последните податоци на Фондот за пензиско. Или вкупно 1.324 пензионери во земјава се водат како пензионери со највисоки пензии, а распонот на нивните месечни примања по основ на пензија е од 43.000 до 57.304 денари во зависност од годината кога го стекнале правото. Најголем дел или 843 се со пензија од 41.739 денари.
Вкупниот број на пензионери пак се намалил за 1858 пензионери и изнесува 325.520 лица додека просечната пензија во април изнесувала 15.627 денари,
Најнизок износ на пензија зеле 78.831 пензионери каде е забележан пораст од нови 20 пензионери споредбено со минатиот месец, од кои 62.121 пензионери за остварено право од 01.01.2002 година до денешен датум. Останатите 16.710 се за оставрено право до 1996 и за периодот 1997 – 2002 година. Најнискиот износ на пензија за најголемата група на корисници на ова право се движи од 9.868 денари до 12.649 денари, во зависност од групата на која што припаѓаат.
Само во месец април имало нови 1.984 пензионери на списокот на ПИОМ. Од нив најголем дел биле мажи 1.317 а остатокот жени и најголем дел, 1.417 се стекнале со правото на старосна пензија. Од друга страна пак, имало 2.370 починати пензионери, од кои 1.884 биле мажи.
Податоците покажуваат дека од 325.520 пензионери најмногу 324.399 се стекнале со право на пензија по работен основ. Други 1.037 стекнале право на пензија како поранешни воени лица, а само 84 биле земјоделци и по тој основ оствариле право на пензија.
Редакција Пари