ПОВЕЌЕ

    Ни беа потребни 12 години за да го изградиме Airbnb, а изгубивме скоро сè за шест недели

    Време зa читање: 2 минути

    Можете да поминете децении во градењето на вашиот сон, а светот може да го уништи со нешто што е случајно како пандемија на непознат вирус.

    Ова е токму она што се случи со Брајан Ческиј, директорот на „Airbnb“.

    • Ни беа потребни 12 години за да се изгради „Airbnb“, и изгубивме скоро сè за четири до шест недели, рече тој во интервјуто за CNBC.

    Тој рече дека „Airbnb“ се соочува со неизвесна иднина со оглед на постојниот страв од корона вирусот, кој ескалираше, а последиците ги почувствуваа луѓето ширум светот.

    • Туризмот како што го знаеме е готов. Не сакам да кажам дека нема повеќе патувања, но патничкиот модел што го знаеме умре и нема да се врати”, рече Ческиј, објаснувајќи дека сега е многу полесно да се влезе во автомобилот и да се оди до најблиското место на одмор.

    Директорот на „Airbnb“ исто така рече дека тие полека се опоравуваат во Соединетите држави, но дека тој не сака во себе да всади лажна надеж дека излегле од проблемот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично