Во недела 4ти септември во Битола, ќе се одржи четвртото издание на еден од најголемите и најмасовни спортски настани во нашата држава – ТРЧАЈ БЕ.
Годинава, според бројот на пријавени учесници кој го соопштија организаторите и изнесува 1.400 кои доаѓаат од 12 земји од светот, ова ќе биде најмасовното издание досега. ТРЧАЈ БЕ годинава е и Национално првенство во полумаратон, кое стои официјално во календарот на Атлетската федерација на Македонија.
Трката која за мошне кратко време се наметна по својата популарност и кај рекреативците и кај врвните атлетичари, а од минатата година доби меѓународно значење со организирање на Балканското првенство во полумаратон.
„Врвни атлетичари од повеќе земји и домашни вљубеници во трчањето ќе трчаат на трите патеки долги 5, 10 и 21км низ Битола. Ќе биде и големо и масовно издание. Полумаратонот кој минтата година го организиравме за прв пат и беше Балканско првенство, годинава ја продолжува традицијата да биде ставен на атлетската листа настани како Национално првенство и тоа е голем комплимент за нас како организатори, велат од ТРЧАЈ БЕ.
Пријавена е целата македонска атлетска елита, на листата имаме и атлетичари од странство, бројни компании кои токму овој викенд ги испланираа своите тим билдинг активности и се разбира учесници рекреативци” – истакна Никола Димитровски, директор на трката.
Битола веќе неколку месеци интензивно се подготвува да ги дочека учесниците и гостите, кои во градот под Пелистер по четврт пат ќе направат празник на трчањето.
СТАРТНИТЕ ПАКЕТИ за ТРЧАЈ БЕ се подигнуваат на 3 Септември – САБОТАВРЕМЕ 10.00 -19.00
ЛОКАЦИЈА за подигнување ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА – лоби / Широк Сокак, плоштад Гоце Делчев