ПОВЕЌЕ

    1.000 Евра казна за Тито Беличанец – КХВ го товари за тргување со инсајдерски информации за „Тетекс“

    Време зa читање: 2 минути

    Професорот Тито Беличанец  ќе плати казна од 1.000 евра, откако за него Комисијата за хартии од вредност одлучи да поведе прекршочна постапка, бидејќи, според регулаторот, тој го прекршил Законот за хртии од вредност.

    Како долгогодишен член на органите на управување на „Тетекс“,тој ги продаде своите 4.000 акции за сума од 146 илјади евра.

    „Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 58-мата седница со која претседаваше Претседателот Нора Алити, врз основа на член 244 став 4 од Законот за хартии од вредност, одлучи да поведе прекршочна постапка, односно да издаде прекршочен платен налог на лицето Тито Беличанец, за сторено прекршување на член 173 став 1 од Законот за хартии од вредност. Попрецизно, лицето Тито Беличанец пред продажбата на акциите имал внатрешна информација дека ‚Тетекс’ АД Тетово ќе престане со производство на тешка конфекција. Со ваквото постапување, односно со продажбата на акциите пред да биде објавена ценовно чувствителна информација која лицето Тито Беличанец како член на Одбор на директори ја знаел, од негова страна е извршено прекршување на Законот за хартии од вредност“, се вели во соопштението од Комисијата за хартии од вредност.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично