Денеска премиерот Зоран Заев ќе се обрати на настанот по повод потпишување на договорите за реализација на проектите Терминал на течен природен гас Александруполи, обезбедување на капацитет за природен гас и Гасната централа Александруполи.
Станува збор за Меморандум за соработка помеѓу Националните енергетски ресурси „НЕР АД“ Скопје и „Елени Асмина Копелозу“, Меморандум за соработка помеѓу Електрани на Северна Македонија „АД ЕСМ“ и „Гастрејд“ како и Меморандум за соработка помеѓу „АД ЕСМ“ и „ДАМКО ЕНЕРЏИ“.
На настанот ќе се обратат и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, извршниот директор на Копелузос Груп, Христос Копелузос и заменик-претседателот на Гастрејд, Коститс Сифнеос.
Присутни ќе бидат и Бајрам Реџепи, извршен директор на Национални енергетски ресурси – „НЕР АД“ Скопје како и Васко Ковачевски, претседател на УО и генерален директор на А.Д. Електрани на Северна Македонија – „А.Д ЕСМ“.