ПОВЕЌЕ

    ЈСП бара регулирање на цената на метанот во кризни ситуации

    Време зa читање: 3 минути

    ЈСП Скопје уште еднаш ја повикува Владата да донесе одлука за субвенционирање на работењето на претпријатието со оглед на зголемените цени на енергенсите во државата.

    ,,ЈСП Скопје е јавен сервис на сите граѓани на Скопје, ги опслужува сите и сега не е момент да се играат политички игри, туку е момент да се реагира.

    Оваа криза бара вклучување на сите чинители во нејзино разрешување. Со оглед на тоа што е прогласена кризна состојба поради состојбата во енергетиката на располагање се многу механизми како може да се помогне на ЈСП, oдносно на граѓаните’, велат од ЈСП.

    Од јавното претпријатие појаснуваат дека врз основа на член 9-а став 6 од Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, Владата може да донесе одлука за отстапување на нафтени деривати без надомест на ГрадСкопје, а за потребите на ЈСП Скопје, како што било случај во 2020 година, кога гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС било отстапено за потребите на ЈСП Скопје.

    ,,Врз основа на досегашната практика за намалување на ценовниот шок, ова може да се примени и во случајов кога имаме драстично покачување не само на цената на електричната енергија, туку и на цените на метанот”, велат од ЈСП.

    Побаравме вчера и да се иницираат промени во Законот за енергетика за да може на Регулаторна комисија да и се даде можност за одредено регулирање на цената на метанот во кризни ситуации. Во делот на метанот во моментов на пазарот нема конкурентност и поради тоа кога има големи флуктации на цените на светски берзи голем број претпријатија имаат проблеми да обезбедат рентабилност во работењето.

    ЈСП-РАСПОРЕД НА АВТОБУСИТЕ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ

    Утре, четврток (6.01.2022 год – Бадник), задутре, петок (7.01.2022 год – Божиќ) и во сабота (8.01.2022 год), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, со исклучок на неколку линии, а дежурни ќе бидат три билетарници. Жичарницата ќе работи вообичаено.

    РЕЖИМ НА ПРЕВОЗ

    На 6, 7 и 8 јануари 2022 год, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, со исклучок на линиите 11, 11а, 18а, 32, 47а, 55, 55б, 56, 56а, 81, 118, 160 и 164 кои утре, четврток (6.01.2022 год) ќе возат по саботен возен ред.

    РАБОТНО ВРЕМЕ БИЛЕТАРНИЦИ

    Дежурни од 7 до 19 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и Зелен пазар, а отворена од 7 до 13 часот ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.

    РАБОТНО ВРЕМЕ ЖИЧАРНИЦА

    Жичарницата ќе работи вообичаено, односно од 10 до 17 часот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично