ПОВЕЌЕ

    Што значи одлуката на Уставен суд со која се укинува членот, ќе им се вратат ли парите на штедачите?

    Време зa читање: 2 минути

    Уставниот суд го укина спорниот член 163 од Законот за банки по поднесената иницијатива од оштетените штедачи на Еуростандард банка со кој на Фондот за осигурување на депозити му се даваше предност при наплатата на средствата од стечајната маса. Но дали тоа ќе им ги врати парите на оштетените штедачи на банката!?

    Еве што велат правните толкувачи на одлуките на Уставен суд:

    “Ако се донесе одлука за укинување на членот 163 од Законот за банки, тоа значи дека таа ќе важи од моментот кога е донесена, поточно објавена во Службен весник.Тоа значи дека негде јуни-јули годинава таа одредба од законот повеќе нема да може да се применува. Дотогаш таа ќе важи”, велат правниците.

    Е сега што ќе значи тоа за оштетените штедачи!?Сето внимание сега штедачите треба да го свртат кон Фондот за осигурување на депозити и стечајниот управник.

    “Ако Фондот за осигурување на депозити не презел никакви дејствија досега во насока да ги наплати своите побарувања или пак стечајниот управник не презел дејствија, со носење на одлуката за укинување на членот нема да може да ги наплатат побарувањата. Значи правата на обештетените штедачи сега зависат од стечајниот управник и од Фондот за осигурување на депозити и стечајната маса што останала на располагање”, велат тие.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично