ПОВЕЌЕ

    Штедилница Можности потпиша договор со Развојната банка за издавање портфолио гаранција од Гарантен фонд

    Време зa читање: < 1 минутa

    Штедилница Можности потпиша договор со Развојната банка, за издавање портфолио гаранција од Гарантен фонд. Преку овој фонд ќе се гарантираат кредитите за обртни и за основни средства кои штедилницата ќе ги пласира кон микро, мали и средни компании, регистрирани согласно Законот за трговски друштва.

    Штедилница Можности стана дел од оваа кредитно – гарантна шема со цел поддршка во кредитирање на микро, мали и средни компании. Кредитите кои ќе можат да бидат ставени под оваа портфолио гаранција се со максимален износ до 3.000.000 денари и рок на отплата до три години за кредити за обртни средства, односно до осум години за кредити за основни средства.

    Штедилница Можности, следејќи ја својата мисија и визија, продолжува да ги поддржува компаниите во нивниот развој и со цел полесно да ги надминат предизвиците кои ги донесе Ковид-19 кризата, со што ја зајакнува довербата од сегашните и идни клиенти кои во Штедилницата препознаваат сигурна и стабилна финансиска институција.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично