ПОВЕЌЕ

    Шпаркасе банка – пензиите за месец април 2023 година ќе се исплаќаат од 25.04.2023 (вторник)

    Време зa читање: 2 минути

    Шпаркасе банка ги известува своите ценети клиенти пензионери дека пензиите за месец април 2023 година ќе се исплаќаат од 25.04.2023 година (вторник) за сите корисници на пензии кои имаат картички.

    Со пензиите можете да располагате веднаш, доколку користите дебитни картички за подигнување на готовина од банкомат. Ви препорачуваме да ја користите широката мрежа од 120 банкомати на Шпаркасе Групацијата кои се достапни во Република Македонија или да плаќате безготовински при пазарење кај трговците, посочуваат од банката.

    Клиентите кои не користат платежни картички, ќе можат да ја подигнат пензијата преку шалтер во експозитурите на Банката согласно следниот распоред на исплата, кој е составен во 4 групи според висината на пензијата:

    – Во вторник, 25.04.2023 год, ќе се ислатат пензиите со износ до 11.000 денари;

    – Во среда, 26.04.2023 год,  ќе се исплатат пензиите од 11.001 до 14.000 денари;

    – Во четврток, 27.04.2023 год, ќе се исплатат пензиите од  14.001 до 18.000 денари;

    – Во петок, 28.04.2023 год, ќе се исплатат пензиите над 18.001 денари.

    Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со висина на пензија која не е на распоредот нема да биде опслужен!

    За поголема заштита на Вашето здравје, Ве упатуваме за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.

    Доколку сепак се одлучите да ги подигнете средствата преку шалтерите во експозитурите на Банката, Ве молиме да се придржувате кон препораките за дезинфекција на рацете, посебниот режим за влез на најмногу 2 лица во експозитурата, како и одржување на минимално растојание од 2 метри од останатите клиенти, апелираат од банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично