Со дваесет и првата емисија на акции по пат на приватна понуда, ,‚Шпаркасе Банка‘‘ АД Скопје ќе издаде 417.972 обични акции со номинална вредност 2.670 денари и продажна вредност од 2.938 денари по акција, со вкупен износ на емисијата од 1.228.001.736 денари.
Зголемувањето на основната главнина со нови парични влогови се врши за познат купувач – институционалниот инвеститор ,‚Штајермеркише банк унд Шпаркасен АД‘‘ со седиште во Грац , Австрија.
,‚Шпаркасе Банка‘‘ АД Скопје издава нови акции заради одржување на соодветно ниво на стапка на редовен основен капитал и стапка на основен капитал, како и заштитните слоеви на капиталот пропишани со Законот за банки и со подзаконската регулатива.
Редакција Пари