ПОВЕЌЕ

    Шпаркасе Банка известува за исплата на парични права од социјална и детска заштита (декември)

    Време зa читање: 2 минути

    Од понеделник, 03.01.2022 година, Шпаркасе Банка ќе врши исплата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и цивилна заштита (сите парични прaва).

    Од банката информираат дека, со дебитните картички корисниците на паричната помош ќе можат да располагаат со средствата од 03.01.2022 година, а за останатите кои не користат дебитна картичка ќе можат да ги подигнат средствата во готовина преку шалтер во експозитурите на Банката по дадениот редослед според првата буква од презимето:

    • На 03.01.2022 (понеделник) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
    • На 04.01.2022 (вторник) ќе се исплаќаат клиенти со презиме на буквите М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

    Подигнувањето на готовина од Банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со презиме на буква која не е на распоредот нема да биде опслужен!

    Средствата кои се на располагање на Вашите сметки да ги подигнувате со дебитните картички преку банкоматите на Шпаркасе Групацијата ширум државата, на кои подигнувањето е без провизија. Клиентите кои имаат дебитни картички може да ги користат средствата со безготовинско плаќање кај трговците, без внесување на ПИН за износи до 2.000 денари со дебитните картички од брендот Mastercard и до 2.500 денари со дебитните картички од брендот VISA, препорачуваат од Банката.

    За сите плаќања на режиски трошоци и уплати кон трети лица користете ги услугите на апликацијата за електронско банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banka.

    За поголема заштита на Вашето здравје, Ве упатуваме за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично