ПОВЕЌЕ

    Шпанија прва во светот ќе тестира четиридневната работна недела

    Време зa читање: < 1 минутa

    Шпанија наскоро треба да го започне пробниот период од предложената четиридневна работна недела од страна на партијата Мас Паис, и ако тестирањето помине како што треба и идејата е целосно прифатена, Шпанија може да стане прва земја во светот што ќе спроведе ваков систем.

    Тестирањето на овој пилот проект ќе започне на есен, ќе трае три години и во него ќе бидат вложени 50 милиони евра за да се овозможи тестирањето да помине со минимален ризик, пишува Гардијан.

    Партијата Мас Паис се надева дека наскоро ќе ги види резултатите постигнати од шпанската компанија Делсол низ целата земја, чии работници веќе извесно време работат само четири дена во неделата.

    „Јасно е дека начинот на работа ги прави луѓето стресни, прекумерната работа ги заморува и сето тоа остава големи последици врз менталното здравје. Четиридневна недела би била добра за економијата, за работниците и за животната средина“, наведуваат од партијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично