ПОВЕЌЕ

    Централна кооперативна банка: Јордан Борисов Христов нов член на Надзорниот одбор

    Време зa читање: < 1 минутa

    Јордан Борисов Христов е член на Надзорниот одбор на Централна кооперативна банка. Народната банка издала претходна согласност.

    „Ве известуваме дека на ден 22.01.2025 година од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија е издадено Решение со кое се издава претходна согласност г-дин Јордан Борисов Христов да биде именуван за член на Надзорниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје за период од 4 (четири) години“, се вели во информацијата на оваа банка, која преку Македонска берза известува за промената во овој орган на управување.

    ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ НИ ПРОНАОЃАЧ НИ АВТОР НА ДЕЛО – д-р Ана Пепељугоска во New Biz

    Христов доаѓа на местото од Георги Димитров Константинов, кој во октомври поднесе оставка. Тој беше заменик претседател на Надзорниот одбор, а неговото име се уште е мешу членовите. Според податоците на веб-страница од ЦКБ, во Надзорниот одбор се и Тихомир Ангелов Атанасов (претседател), членовите Христо Георгиев Христов и Јонко Петров, како и независните членови Светослав Мичев и Вангел Спиров.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично