ПОВЕЌЕ

    Халкбанк е лидер во привлекување нови компании

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во третиот квартал во Македонија се отворени 1.664 нови компании , при што распределбата по основ на банки претежно се сведува на големата четворка: Халк Банка, НЛБ Банка, Комерцијална Банка и Стопанска Банка АД Скопје.

    Овие 4 банки заземаат 2/3 од пазарот, или 66.4% од новооснованите компании во трет квартал се одлучиле за соработка со најголемите банки во Македонија.

    Притоа лидер во привлекување нови компании , на ниво на Македонија и натаму е Халк Банка со 19.1% учество.

    Од аспект на поединечни градови најголема активност, однос најмногу новоосновани компании има во Скопје, додека во топ 5 градови се уште Битола, Охрид, Тетово и Гостивар.Халк Банка има доминантна позиција во Гостивар и Охрид, каде својата партиципација ја исполнуваат со 17 и 15 компании соодветно.

    Прочитајте ја целата анализа за избор на банка на новооснованите компании во трет квартал: ,,ПАРИ” АНАЛИЗА: Којa банка ја избрале новооснованите компании во трет квартал?!

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично