
Халкбанк и годинава Светскиот ден на штедењето го посвети на финансиска едукација на најмладите. Банката го заокружи октомври – месецот на штедењето со два настани во кои беа вклучени ученици од основните училишта од повеќе општини во Скопје, како и со активности во речиси сите филијали низ Македонија.
Дел од учениците го посетија Музејот на Народната банка каде што се запознаа со историјата на монетите и развојот на паричниот систем. Имаа можност да ја погледнат најбогатата збирка на монети во државата и да поставуват прашања за историјата на парите. За втората група ученици беше организиран забавно – едукативен настан во едукативниот центар во Дирекцијата на Халкбанк. Тие се запознаа со основните финансиски поими и се дружеа со слончето Халки, кое е симбол на детското штедење на Халкбанк.
„Наша цел е да ги поттикнеме децата од најрана возраст, уште додека се во училишните клупи, да развијат позитивни навики за финансиска одговорност и штедење. Денешните активности се дел од долгорочната посветеност на Халкбанк за финансиска едукација и поддршка на младите генерации“, изјави Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Сите ученици кои присуствуваа на двата настани, како и на активностите низ цела Македонија, го добија на подарок „Букварот на Халки“, кој на едноставен и интересен начин им ги доближува на децата најважните и најчесто користени финансиски термини.
Детското штедење Халки нуди поволни услови за родителите да инвестираат во посигурна иднина на своите деца, овозможувајќи им да создадат финансиска основа и да ги развиваат позитивните навики за штедење уште од најмала возраст. За секоја новоотворена штедна книшка следува подарок креативен подарок од слончето Халки.
 Аналитика
 Аналитика



 
                                     
                                    




