Во периодот од 01.01-31.12.2021 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на средствата во однос на претходниот ревидиран извештај.
Ф-КА Фруктал Мак А.Д Скопје за период од Јануари-Декември 2021 година оствари позитивен финансиски резултат прикажан во поединечниот неревидиран биланс на успех.
Оперативните вкупни приходи изнесуваат 467.025 илјади ден. Во споредба со остварените вкупни приходи од минатата година 384,452 за истиот период се бележи зголемување.
Приходите од продажба во најголем дел се приходи кои произлегуваат од продажба на сопствени производи на домашен и странски пазар. Вкупните приходи изнесуваат 467,934 илјади денари и бележи зголемување.
Финансиските приходи изнесуваат 909 илјади денари и се со раст во однос на минатата година.
Оперативните расходи за период од 01.01-31.12.2021 година изнесуваат 435,116 илјади денари и бележат зголемување во однос на истиот период минатата година 364.163
Финансиските расходи изнесуваат 2,049 илјади денари и се намалени во однос на минатата година.
Остварената нето добивка за периодот 01.01-31.12.2021 година изнесува 24,048 илјади наспроти остварената нето добивка од 18.596 илјади денари истиот период претходната година.
Во извештајниот период 01-12/2021 година нема исплатени дивиденди.