ПОВЕЌЕ

    Франција годинава ќе произведе 18% повеќе вино

    Време зa читање: < 1 минутa

    Франција годинава треба да произведе 44,6 милиони хектолитри вино, 18 отсто повеќе од лани кога лозовите насади беа опустошени од мразот, објави во петокот Министерството за земјоделство. Бербата почна на почетокот на годинава поради сушата и е при крај, додава министерството.

    Министерството ја зголеми проценката од септември за 600 илјади литри и додаде дека годинашната прогноза ќе биде четири отсто над петгодишниот просек.

    Жетвата во регионот Шампањ заврши околу 12 дена порано од десетгодишниот просек и се очекува да биде двојно поголема од минатата година благодарение на поволните временски услови, се вели во соопштението за медиумите.

    Во Бордо жетвата заврши на крајот на септември, а производството ќе биде пет проценти под просекот, бидејќи сушата го попречи растот на грозјето, а пролетниот мраз и градот во јуни оштетија некои лозја.

    Сушата предизвика штета и во Алзас и во регионите на југозападна Франција, каде производството ќе биде 11, односно 21 отсто под просекот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично