Американското списание „Форбс“, кое во март минатата година ја прогласи 22-годишната реалити ѕвезда Кајли Џенер за најмлад милијардер во светот што заработи пари самостојно, во петокот објави дека веќе не верува дека нејзината нето вредност е толку голема.
Форбс наведува дека ги преиспитал финансиските податоци за компанијата ˶Coty˝, коja откупила 51 процент од акциите на компанијата на Џенер „Кајли козметикс“ во ноември 2019 година, со договор вреден 1,2 милијарди американски долари. Овие финансиски извештаи покажуваат дека работењето на оваа компанија генерирало приходи и профити што биле пониски од бројките објавени од страна на кланот Џенер-Кардашијан. Како што наведува Форбс, бизнисот на Џенер е значително помал и помалку профирабилен од она што нејзиното семејство со години ја наведува козметичката индустрија и медиумите да веруваат.
Форбс во моментов ја проценува нето-вредноста на Џенер (22) на околу 900 милиони долари, пренесува Ројтерс.
Овој факт го поништува статусот што Форбс и го додели на Џенер во 2019 година, кога ја прогласи за самореализирана милијардерка, пренесува Би-Би-Си. Терминот „самореализирана“ предизвика контроверзии, а критичарите го исмејуваа, велејќи дека потекнува од семејството на реалити ѕвездата Кардашијан.
Џенер на Твитер изјави дека сторијата е заснована на „многу неточни изјави и непотврдени претпоставки“.
„Мислев дека ова е реномиран медиум“, напишала Џенер.
Џенер, која е полусестра на Ким, Клои и Кортни Кардашијан, ја основала компанијата ˶Кајли Козметикс˝ во 2016 година.
Дознај кои 6 Руски компании на листата на Форбс се најценети [ т у к а ]